ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ИСТАНБУЛ Гори болница, огнот зафатил неколку ката на медицинската установа (ВИДЕО)

by Administrator

Голем пожар избувна денес во новата зграда на Универзитетската болница во Истанбул, која во моментов не е во употреба, бидејќи градежните работи се уште траат.

Според прелиминарните извештаи, изолациониот материјал се запалил за време на работата на покривот на седумкатната зграда.

Според РТ, никој не бил повреден во инцидентот, работниците биле навремено евакуирани, но постои загриженост за штетите што може да ги предизвика загадувањето на воздухот на тоа подрачје.

You may also like