(Видео) Куче се прикраде во салата на Европскиот парламент и лаеше за време на говорот на Урсула фон дер Лајен

by Administrator

За време на говорот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во полната сала на Европскиот парламент се слуша силно лаење на куче.
Според социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), ова се случило кога кучето се прикрадувало во ходникот и почнало гласно да лае.

Сè е снимено и од микрофонот зад говорницата, по што лаењето се заслушнало низ целата сала на Европскиот парламент.

Сè се случи во моментот кога Фон дер Лајен го завршуваше својот говор пред европратениците.

Овој „инцидент“ предизвика смеа кај сите присутни претставници.

(Vijesti.ba)

 

You may also like