Обвинителството за организиран криминал и корупција донело наредба за истрага против судијата Мустафа Шахини од Управниот суд во Скопје за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското Езеро во Струга, со кои државата ја оштетил за над 200 илјади евра.
– Осомничениот во периодот од 10.09.2018 година до 24.01.2019 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување и ги пречекорил границите на своето службено овластување преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе. Истовремено тој не презел дејствија што бил должен да ги преземе. Со ова тој сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, вели Обвинителството за организиран криминал.
Како Претседател на совет, судијата Шахини учествувал во донесување на Пресуда со која спротивно на одредбите од „Законот за води“, „Законот за заштита на Охридското, Дојранското и Преспанското езеро“, „Законот за денационализација“ и „Законот за Управните Спорови“, недвижниот имот – градежно неизградено земјиште во Струга, било вратено во приватна сопственост на барателите кои претходно биле негови клиенти.
За недвижен имот со површина од 171 м2 што претставува јавно добро – крајбрежен појас и што не смее да биде вратено во приватна сопственост, определил надомест во износ од 119.700 денари во вид на обврзници за денационализација.
Спорниот имот во моментов е обезбеден со Решение на Основниот суд во Струга со кое е изречена привремена мерка „забрана за отуѓување“, а имотот за кој помогнал да се добие судијата Шахини, е замрзнат.
Комплетната информаија на порталот СДК ОВДЕ. (Крај)
извор: ohridpress/СДК фото: архива
