24
Најмалку 129 лица загинаа при експлозии во три цркви и хотели во Шри Ланка, според првичните проценки, пренесува Anadolu Agency (AA).

Експлозии одекнаа во црквите „Кочхикаде“, „Негомбо“ и „Батикалоа“ во текот на велигденските церемонии, и во хотелите „Шнгри Ла“, „Цинамон Гранд“ и „Кингсбуру“ во главниот град Коломбо.

Според информациите од официјалните лица, при експлозиите се повредени над 200 лица.
