Мадуро ја повика војската: Бранете ја светата земја од Американците

by Administrator

Претседателот на Венецуела Николас Мадури ги повика вооружените сили да бидат “подготвени“ во случај на американска воена офанзива врз ова јужноамериканска земја.

Мадуро им наредил на војниците да ја “ бранат татковината со оружје во рацете, доколку еден ден американската империја осуди да ја допре ова територија и светата земја“

 

Неговиот говор во воената база уследи откако опозицискиот лидер и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо собра свои приврзаници во новиот ден на протести како би ги принудил вооружените сили да ја поддржат неговата кандидатура и да го соборат Мадуро од власт.

Нови насилни протести во Венецуела започнаа на почетокот на мај откако Гуаидо објави видео снимка од авио-базата Ла Карлота во околината на Каракас на која, тој е опкружен со неколку војници кои му се прдружиле на опозицијата, и во која снимка повикува на воено востание против режимот на Мадуро.

Војниците ки му се приклониле на Гуаидо излегле на улиците со сини траки околу рацете и оружје, набрзо се појави Националната гарда лојална на Мадуро, а потоа и приврзаници од двете стани. Уследија слични судири, во текот на кои повредени се повеќе од 70 лица.

На крајот на денот, Мадуро изјави дека бунтот е задушен, а Гуаидо ги повика граѓаните на Венецуела повторно да излезат на улица и да не се откажуваат додека не го урнат владејачкиот режим.

 

You may also like