Вулканот Агунг на индонезискиот туристички остров Бали еруптира денес изутрина, исрлајќи вулканска пепел во висина од километри, изјавија официјални лица.
Засега нема податоци за жртвите, но предупредувањето од третото ниво останува на сила, од можните четири.
Властите и понатаму ја предупредуваат јавноста да ја почитува безбедносната зона во четири километри круг.
Другите два вулкани на островот Јава продолжуваат да еруптираат.
На сила и понтаму на сила е состојба на подготвеност заради вулканот Брома,на источна Јава и Мерапи, во Јогикарта.
– Ова е нормална ситуација и јавноста не треба да чувствува паника, се додека остануваат надвор од опасната зона. Не се обидувајте да се приближите до кратерот за да ги забележите вулканските активности во кратерот – предупреди портпаролот на Агенцијата за помош при катастрофи, Сутопо Нугрохо.
Некои планинари ја игнорирале опасната зона и се обиделе да се искачат на планината Агунг, заради што спасувачите морале да го пребаруваат планинската област за да ги евакуираат.
Последната голема ерупција на Агунг беше во 1963 година, кога загинаа повеќе од 1.000 луѓе, а неколку села беа уништени.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)
