Во Данска лицата со привремен престој не може да се разведуваат

by Administrator

Државната администрација барањата за развод на лицата со привремен престој ги одбива.

(Дубаи – Портал) – Во Данска, барањата за развод на лицата што се наоѓаат на привремен престој во земјата, се одбиваат, пренесува Anadolu Agency (AA).

Весникот „Политикен“, во веста која ја заснова на одлуките на Државната администрација за спроведување на процесот на развод (Statsforvaltningen) се истакнува дека според став 3, член 7 од Законот за странци, кој е во сила, лицата што се наоѓаат на привремен престој во земјата, не може да се разведат.

Според Законот за странци, во Данска, за да може еден странец да се разведе, треба да има дозвола за постојан престој. Лицата што имаат привремен престој не се сметаат за жители на Данска.

Државната администрација, поради оваа причина, барањата за развод на лицата со привремен престој ги одбива.

По објавување на веста, политичарите од Социјалдемократската партија и на Данската народна партија, повикаа дека Законот треба да се менува.

Mahir Demişoski

You may also like