Албанската војска денес соопшти дека еден нејзин припадник загинал во текот на вежбите во базата во Летонија во рамките на мисијата на НАТО, во источна Европа.
Началнико на албанскиот генералштаб Барди Колчаку изјавил дека 32-годишниот војник им подлегнал на повредите од “ заостаната експлозија и не експлодирана муниција“, во базата Адази.
Наведено е дека во таа експлозија повредени се и двајца офицери.
Албанија влезе во НАТО во 2014 година и дава 214 војници за мисијата на Алијансата во Летонија, Авганистан, Мали, Јужен Судан, на Косово и Егејското море.
Мултинационалната борбена група во Летонија, со седиште во Адажи, ја предводи Канада. Во рамките на групата, која брои околу 1.400 војници, се наоѓаат и припадници на вооружените сили на Албанија, Чешката Република, Италија, Полска,Словачка, Словенија и Шпанија.
