Околу 50 мајмуни-бабуни побегнале денс од своите кафези во зоолошката градина Венсен во југоисточниот дел на Париз, пренесуваат француските медиуми.
Целата зоолошка градина е евакуирана, а на лице место се наоѓаат силни безбедносни сили вооружени со пушки за заспивање на животни.
Заедно со чуварите тие се обидуваат да ги вратат мајмуните-бабуни во кафезите.
Во Париз последен пат диво животно на слобода било во ноември, кога тигар од циркус побегнал од кафез и за кратко време се шетал по улиците на градот.
Извор:cdm









