Огромниот танкер со 136.000 тони нафта потона во Источното Кинеско Море. Експертите сметаат дека последиците од излевање на нафта ќе бидат катастрофални и ќе траат со децении.

Ирански танкер пред осум дена се судри со товарен (карго)брод на Хонг Конг, притоа истиот се запали и полека започна да тоне. Одтогаш трае драматична акција во потрагата по екипажот на танкерот како и безуспешната борба за минимизирање на можната штета.

Конечниот исход од “битката” е и пораз за спасувачите кои ги барале исчезнатите лица од танкерот како и на сите тимови кои се обидувале да испумпаат колку што е можно повеќе нафта за помала количина да се излее во морето.

Кинеската државна телевизија во неделата објави дека оштетениот ирански танкер “Санчи“, кој доплутал до  водите на ексклузивната економска зона на Јапонија, денес “одеднаш пламнал” и потонал, а иранските власти објавија дека “нема надеж” дека некои од морнарите преживеале.

Ројтерс тврди дека овој запалив танкер водата го носела повеќе од една недела откако на 6 јануари се судри товарен брод во источно-кинеското Море. Агенцијата Sinhua во саботата објави дека кинеските спасувачи извадиле две тела од танкерот откако претходно е пронајдено тело на еден морнар за кој се претпоставувало дека е дел од 32-члената екипа од 30 Иранци и двајца Бангладежани.

Државното министерство за море и океан во Кина објави дека големите нафтени дамки веќе се лоцирани во морето, една од нив е долга 15 километри, додека другата покрива површина од 58 квадратни километри.

Службите за заштита на животна средина, како и службениците кои се занимаваат со оваа област, со право предупредуваат дека тонењето на иранскиот танкер ќе остави неприфатливи последици за морски живот, кој ќе трае со децении, објави СНН.

Тие објаснуваат дека не само нафтата ќе го загрози целиот живот што постои во морето, туку и огромниот број на јаглеводороди кои се користат во случај на излевање на нафта во водата.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека истрагата е веќе во тек. Покрај тоа, Си-Ен-Ен пренесува дека , примероци од водата покажуваат енормно зголемена количина на петролеј.

“Ова ќе влијае на целиот морски живот, областа, но и на бактериите”, вели Ма јуни, еден од водечките кинески експерти за животна средина, кој се сеќава дека танкерот потонал во област која е една од најбогатите со риби.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here