Севернокорејска балистичка ракета hvasong-12 / KN17 наводно направила “значителна штета” кога во април минатата година го погодила градот Токчон.
Како пренесува руски Спутник извештај на јапонски дипломат, во прашање е еден од неуспешните тестови на севернокорејската војска во која ракетата паднала неколку минути по лансирањето.
Ракетата летала 70 километри пред да и бидат откажани моторите, дел експлодира над градот од 240.000 жители, а остатокот се урнал во “индустриски и земјоделски комплекс”.
За време на летот, потрошено било само мал дел од горивото па заради тоа при пажањето, дошло до голема експлозија во која е направена значителна штета.
Сепак, се верува дека во несреќата имало “мала или никаква” човечка жртва, бидејќи лансирањето било спроведено надвор од работното време.
Јапонските медиуми пренесуваат дека тестот бил спроведен на 29 април 2017 година и дека по тој инцидент постои страв дека слични работи се случувале повеќепати, ама постои и опасност од уривање на ракета над густо населените градови во Северна Кореја.
Извор:cdm









