Словачка ги суспендираше испораките на гас наменети за Украина заради неплатениот долг на Киев од пред десет години, кој изнесувал 21 милион долари.
Во ноември 2015 година Украина престана да купува гас директно од Русија, па најголем снабдувач на оваа енергија веднаш стана  Словачка, објави Б92.
Долгот на Киев датира од 2007 година кога не бил во можност да плати 21 милион американски долари на италијанскиот добавувач на гас, кој му се обратил на  Европскиот суд. По одлуката на судот, изречена е суспензија на снабдувањето со гас на украинскиот државен гасен гигант “Нафтогас”.
Украина, по престанокот на директното купување на гас од Русија, почна да го набавува ова руско гориво од Европа.
На почетокот, како што се наведува официјален Киев тврди дека европскиот гас е поевтин, но подоцна Нафтогас признал дека руски Гаспром понудил попривлечни цени од европските добавувачи.
Испораките од  Европа во Украина се, како што се тврди, е истото гориво кое Гаспром му го продава на земјите од Источна Европа по пониски цени.
Извор:cdm

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here