Франција – Во текот на Првата светска војна, многу муслимански војници од своите краишта со многу топла клима дошле да ја бранат Европа. Со нив допатувале и имами кои биле задолжени за верска служба, како предводување во намаз, погребување (џеназе) на починати, како и учење на телкин пред умирање на борците. Топлите халал-оброците се служеле рутински, а кога ќе снемало лекови, некои муслимански војници повредените ги лекувале користејќи ја традиционалната медицина кои ги донеле од своите татковини. Тие ги лекувале ранетите другари и соборци, без оглед на нивната вера.
Докази за нивната жртва се наоѓаат на спомен-гробиштата на ридот Нотр Дам де Лорет. Надгробните споменици на муслиманските борци се разликуваат не само по исламски натписи, туку и по тоа што се свртени кон Мека. Дизајнирани од францускиот сликар Етјен Динет, кој во 1908 година преминал во исламот.

Група на главно британски муслимани, кои допатувале во Нотр Дам де Лорет една недела пред традиционалниот комеморативен ден, својата посета ја завршиле со молитва за гробовите на муслимански војници од Северна Африка. Нивната посета е дел од револуционерниот проект на фондацијата Заборавени херои 14-19 фондација,(Forgotten Heroes 14-19 Foundation,) која за прв пат го документираше придонесот на бројните муслимани кои се бореле во сојузничките сили за време на Првата светска војна. Бројот 19 во насловот се однесува на конфликтот што го предизвика француското воено присуство во Сирија во 1919 година, по завршувањето на Првата светска војна.
За време на шестгодишното истражување, истражувачите на оваа фондација разгледале бројни воени, дипломатски и приватни архиви, вклучувајќи дневници и писма, во повеќе од 19 земји, добивајќи над 850.000 документи на француски, англиски, персиски, урду, руски, германски и арапски , како и стотици слики. Тие проценуваат дека најмалку 2,5 милиони муслимани, војници и работници учествувале во Првата светска војна на сојузничката страна.
Фондацијата е основана од страна на Белгианецот Лук Фериер откако на таванот на својот дом го пронашол дневникот на неговиот прадедо, од Првата светска војна, во кој пишувало за “мухамеданците” со кои ги делел рововите. Фасциниран од она што го прочитал во дневникот, Лук Фериер се нурнал во историската литература во обид да дознае повеќе, но открил дека има многу малку информации за тоа. Така тој го започнал своето сопствено истражувања, првично истражувајќи ги белгиските и француските воени записи, и сфатил дека има една голема приказна што треба да се раскаже.
Тој станал толку посветен на ова истражување така да во 2012 година ја напуштил својата работа во воздухопловната индустрија за да оснива фондација и го посвети својот живот за документирање на улогата на муслиманите во Првата светска војна.
Муслимани дошле од цела Африка, Индија, Далечниот и Средниот Исток, Русија, па дури и од Америка, се бореле и гинеле заедно покрај своите христијански или еврејски колеги, кои ја бранеле Европа. Познавајќи ја оваа историја, Лук и неговиот тим веруваат дека ова може да помогне да се надминат некои од проблемите во денешна Европа.
Документите кои ги пронашле во архивите даваат примери каде имамите, свештениците и рабините, едни покрај другите вршеле погребни ритуали(џеназе) и молитви за паднатите борци на нивните верски заедници кои биле положени едни покрај други.
Постојат извештаи за тоа како муслимански војници ја делеле својата храна со гладни цивили.
Француските, белгиските и канадските официјални лица биле изненадени од тоа со колкава хуманост муслимански војници се однесувале спрема заробените германски војници, а на прашање да го објаснат своето однесување, војниците би го цитирале Кур`анот и учењата на Мухамед, а.с, за тоа дека непријателските војници треба добро да се третираат.
Лук Фериер, кој не е муслиман, објаснува: “Додека исламофобијата е во пораст во цела Европа, нашиот проект сака да им каже на луѓето од сите континенти дека имаме заедничка историја. Ова не е политика или колонијализам. Едноставно ги презентиравме фактите, бидејќи ова е приказна што целата Европа треба да ја знае. Тие сега ги прикажуваат муслиманите како внатрешни непријатели, како имигранти кои неодамна се населиле и кои никогаш не дале вреден придонес во Европа. Меѓутоа, можеме да покажеме дека тие ги жртвуваа своите животи за слободна Европа и им помогнаа на Европа да биде она што е и дека тие имаат право да живеат тука “.
Главната намера на Фондацијата е да ги шири резултатите од своето истражување меѓу младите Британци и Европејци, со надеж дека ќе им помогне на идните генерации подобро да ги разберат муслиманските заедници што живеат меѓу нив.
Во соработка со агенцијата Англија Турс, специјализирана за организирање посети на воени споменици и места на историски битки, фондацијата организира посети на боиштата од Првата светска војна, при што, покрај посетата на ровови, споменици и гробови, ги слушаат и човечките приказни и судбини.
Турнејата вклучува посета на џамијата Ел Бадр во Амиен, каде што на посетителите ќе им биде презентирано истражувањата до кои дошла фондацијата, по што следува ручек на кој се сервираат традиционални северноафрикански јадења.
Немуслиманските посетители се исто така добредојдени да го следат извршувањето на намазот (кланање).
Јусуф Чемберс од Muslim Heritage Trust, кој соработува со Фондацијата во Велика Британија, вели: “Се обидуваме да изградиме мостови, и нема подобар начин за тоа од заедничко дружење и споделување на оброци. Нашата работа е насочена кон сите заедници и сите возрасни групи, ама особено на младите луѓе. Ние сакаме луѓето да знаат за оваа историја, така што британските и европските деца ќе можат да кажат дека и муслиманите исто така биле херои од Првата светска војна “.
Работата на фондацијата веќе обрнува внимание на експертите за Првата светска војна. Минатиот месец, Фериер зборувал со историчарите на Универзитетот Харвард а резултатите од неговото истражување ги представил до ОН.
Фериер следната година планира да отпечати книга која ќе содржи копии од документи и слики кои биле откриени, како и изложба која ќе ја обиколи Европа.
Како што истражувањето продолжува, тој проценува дека сегашната бројка од 2,5 милиони муслимани кои помогнале во сојузничката војна во Првата светска војна би можела да се зголеми.
Посебен впечаток за посетителите ја остава содржината на буквите на муслиманските војници, кои се читаат за време на презентацијата.
Еден Алжирски војник, стациониран во рововите околу Нотр Дам де Лорет во писмото од 1916 година, пишува: “Се колнам на Бога и се што е свето, никогаш нема да престанам да се молам и никогаш да не ја напуштам својата вера, дури и ако сум искушан од поголемите страдања од оние кај кои во моментов се наоѓам. “
Посетител на Тајаба Шаукат, на возраст од 25 години, од Вест Лондон, вели: “Кога ќе ги слушнете овие лични сведоштва, тогаш навистина разбирате низ што поминале сите овие луѓе. Писателите и поетите добро ги документирале и го опишале искуството на европските војници во Првиот светска војна, меѓутоа за муслиманските и другите колонијални војници кои се бореле на теренот на Европа, не знаеме ништо и тоа мора да се промени “.
Учество на муслиманите во Првата светска војна на страната на сојузниците:
Војници:
400.000 Индијци (британска индиска армија)
200 000 Алжир,
100 000 Тунижани,
40 000 Мароканци,
100.000 од Западна Африка,
5.000 Сомалијци и Либијци (Француска армија)
5000 американски муслимани
1,3 милиони руски муслимани
Работници:
100.000 Египќани
35.000 кинески муслимани
130.000 од Северна Африка
200.000 од Суб-Сахарска Африка
40.000 Индијци.
Извор: Гардијан









