Светските и регионалните сили веќе долго време се вклучени во граѓанска војна која е беснее во Сирија од 2011 година.
Дојче веле ги анализира целите и интересите на САД, Русија, Турција и Иран во немирното подрачје на Блискиот Исток.
СОЕДИНЕТИ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ
Кого го поддржуваат?
До јули 2017 година, Вашингтон ги вооружуваше и обучуваше умерените бунтовнички фракции, кои се бореа против борци лојални на претседателот Башар ал Асад.
По озвесно време оваа помош беше прекината, што е очигледен обид за подобрување на односите со Русија.
Во поново време, САД обезбедуваат оружје за курдските опозициски сили кои се борат во северниот дел на Сирија. против “Исламската држава”.
Против кого се борат?
Соединетите Држави ја предводат меѓународната коалиција во која има речиси 60 земји, вклучувајќи ја и Германија, која дејствува од воздухот против ИД и другите екстремистички групи од крајот на 2014 година.
Понекогаш овие напади беа насочени против силите на сириската влада. Во април, американскиот претседател Доналд Трамп нареди напади врз сириската воздухопловна база како одговор на напад од хемиско оружје, како што се известувало дек било изведен од страна на владините сили.
Што сакаат?
Според претседателот Трамп, САД остануваат непоколебливи кога станува збор за уништување на силите на ИД во Сирија. Сепак, американските намери по другите прашања станаа нејасни.
Трамп во септември изјавил дека САД “во Сирија имаат многу малку интереси, освен уништување на ИД”. Меѓутоа, тој претходно во јули бил многу ангажиран за постигнување на примирје меѓу владата и опозициските сили.
Новата американска администрација испраќа контрадикторни сигнали за тоа дали Вашингтон ќе се спротивстави на мировен договор кој ќе вклучи останок Асад на власт. Претходникот на Трамп Барак Обама беше категоричен во негово време: “Асад мора да замине”.
Кои мировни држави ги поддржуваат?
Вашингтон ги поддржува мировните преговори кои се под покровителство на Обединетите нации од 2012 година меѓу претставниците на владата на Асад и сириската опозиција.
Сепак, овие разговори, чиј последен круг се одржа во февруари и март, досега не резултираа со голем напредок.
Досега не е постигнат договор дали заминувањето на Асад од власта треба да биде предуслов за било какво конечно решение.
РУСИЈА
Кого го поддржува?
Москва официјално ја поддржува сириската влада односно претседателот Башар ал-Асад. Таа обезбедува воздушна поддршка на своите војници, ги снабдува со оружје, и на Дамаск му обезбедува дипломатска поддршка на ОН, како и меѓународни мировни разговори.
Против кого се бори?
Руската интервенција во Сирија започна во октомври 2015 година, кога започнаа воздушните напади против “терористичките цели”. И додека Москва вели дека нејзината цел е ИД и другите терористички групи, американските претставници во повеќе наврати постојано известуваа спротивно, односно дека руските напади првенствено за цел имале единици кои не се дел од ИД, а кои се борат против силите на Асад.
Што сака?
Москва сака да го задржи Асад, својот најблизок блискоисточен сојузник да го задржи на власт и да го обезбеди своето воено влијание во регионот.
Русија има важна воздухопловна база во западната сириска провинција Латакија и поморска база во сириското пристаниште Тарту.
Руските власти ги поддржуваат мировните преговори со оние кои ја дозволуваат можноста на Асад да остане на власт, ама, како што се смета не би се спротивставувале на решението кое ќе овозможи ограничена автономија на опозициските сили во одредени области во Сирија.
Кои мировни преговори ги поддржува?
Иако Москва ги поддржува преговорите во Женева, под нејзино покровителство истовремено се одржуваат разговори меѓу сириската влада и опозицијата во Астана, Казахстан, која започна во јануари 2017 година.
Во октомври, рускиот претседател Путин објави дека Русија ќе биде домаќин на уште еден ваков собир на 18 ноември во Сочи, на разговори околу новиот сириски устав.
ТУРЦИЈА
Кого го поддржува?
Турција се бореше пртив ИД заедно со сите единици на сириската опозиција – освен курдските – вклучувајќи ја и Слободната сириска армија (ФСА).
Против кого се бори?
Анкара учествува во воздушните напади врз ИД во рамките на коалицијата предводена од САД. Сепак, нејзините сили, исто така, вршат независни воздушни напади против опозициските курдски сили во северна Сирија. Покрај тоа, Турција, исто така, испрати копнени сили во Сирија против ИД и курдските единици во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат.
Што сака?
Анкара сака да ги ја победи Ид и другите екстремни терористички групи за кои се смета дека се одговорни за терористичките напади во Турција. Анкара, исто така, сака да ги спречи воените успеси на сириските Курди да поттикнат слични акции и кај курдското население во Турција.
Анкара ги поддржува мировните преговори кои ќе го прекинат конфликтот во Сирија и се залагаат за стабилноста на земјата со цел да се спречи доаѓањето на нови бегалци во Турција и да им се дозволи на постоечките да се вратат во Сирија. Турција е амбивалентна во однос на тоа дали претседателот Асад би можел да биде дел од секој мировен договор.
Кои мировни преговори ги поддржува?
Турција ги поддржа преговорите под раководство на Русија во Астана, но се чини дека ја отфрла идејата на Москва претставници на курдската опозиција да бидат поканети на претстојната конференција во Сочи.
ИРАН
Кого го поддржува?
Техеран ја поддржува владата на Асад од 2012 година, испраќајќи голема воена помош на сирискиот режим во форма на обука, оружје и размена на разузнавачки податоци.
Против кого се бори?
Иран е на страната на Асада, исто така, се бори против екстремистички, но и умерени фракции во сириската опозиција. Според извештаите, припадниците на елитната единица на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) учествувале во офанзивата извршена од сириските владини трупи.
Што сака?
Покрај Сирија, Иран има неколку пријатели на Блискиот Исток, а поддршката на Асад им дава сојузници против регионалните ривали – Израел и Саудиска Арабија. На Техеран, исто така, му е потребна Сирија како би доставувала оружје на Хезболах во соседниот Либан, на што се спротивставува Израел.
Кои мировни преговори ги поддржува?
Иран учествуваше во мировните преговори во ноември 2015 година, откако САД престанаа да се спротивставуваат на тоа. Техеран, заедно со Турција и Русија, исто така, и гподдржаа мировни преговори во Астана.
Извор:logicno







