Со доаѓањето на зимата и растечкото оптеретување на енергетскиот систем во Украина заканата од нова нуклеарна катастрофа во централна Европа повеќе не е само теоретска опасност. Аналитичарите од академскиот весник “Energy Research & Social Science” тврдат дека до 2020 година постои 80% веројатност за сериозни незгоди на нуклеарните електрани во Украина и ја повикува јавноста да се подготви за нов Чернобил.

Во натписот “Бидете подготвени за нов Чернобил во Украина“, кој го објави порталот Global Research, стручњаците ова сценарио го предвидуваат заради постојаното оптеретување на нуклеарните електрани, заради што доаѓа до стопирање на работата на енергетските блокови, ама и заради тешката состојба на нуклеарната опрема од периодот на советскиот сојуз и катастрофалниот недостаток во вложување и модернизација  во ова индустрија.

Во случај на таков инцидент, Европската унија би била соочена не само со сериозни последици по околината, туку заради неодамнешното воведување на безвизниот режим би дошло до масовно преселување наУкраинци од загадените подрачја во ЕУ.

Во Брисел свесни се за тоа, ама на тврдоглавото водство во Кијев ионака не може ништо да им се објасни.

Моментално во Украина постојат четири нуклеарни електрани, Запорожје“, најголема во Европа со шест реактори и вкупна сила од 6 000 MW, “Равне“ со четири реактори и вкупен капацитет од 2880 MW, “Хмељницки“ со два реактори и вкупна сила од 2000 MW и на крајот “Јужна Украина“ со три реактори и вкупен капацитет од 3000 MW.

nuklearne elektrane ukrajina www.energypost.eu

Потсетуваме, последната електрана на почетокот на овој месец преку автоматскиот систем за заштита беше исклучена од мрежа.“Јужна Украина“ од неодамна користи гориво на американската компанија Вестингхаус, гориво кое старите советску реактори не го препознаваат.

Во 2000 година, електраната во Чернобил со четири реактори најпосле беше затворена. Од 15 нуклеарни реактори кои работаат во Украина, 12 од нив се изградени во времето на Советскиот Сојуз. Сите тие се класичен тип на ВВЕР нуклеарните реактори кои се развиени во 60-те и 70-те години на институтот Курчатовск во Москва. Тие реактори би требало да имаат максимален век на траење од 30 години. Меѓутоа, за 10 од 15-те реактори кои се активни на подрачјето на украина, одмана им поминал векот на траење.

Заедно со сето наведено, оптеретувањето на дотраените реактори е во постојан пораст заради одлуката за термоелектраните  да не се увезува јаглен од Донбас, заради што на средината на 2017 година производството на електрична енергија во украинските термоелектрани падна на речиси половина производство од 2013 година.

Украинската компанија Енергоатом, државна компанија која управува со нуклеарните елктрани во Украина, наведува дека во 2016 година нуклеарните елекѕрани работеле со 65,5% од вкупниот капаците, а до јануари 2017 година производството се подигнало на 77,6%.

Во првата половина на 2017 година нуклеарните електрани во Украина произведиле повеќе од 45 милијарди киловат електрична енргија, што представува зголемување од 13% во однос на 2016 година.

Денес, украинските власти очајнички гио цедат и последниот киловат од нуклеарните постројки од советскиот век. Ситуацијата е влошена и заради украинските функционери кои вршат притисок на енергетските стручњаци, кои мора да пронајдат замена за нуклеарното гориво кое го произведува руската компанија ТВЕЛ. Така на неколку реактори во повеќе наврати се обидувале да користа гориво кое го произведе американската корпорација Вестингхаус.

Чесите заради страв од хаварија се откажаа од американското гориво.

Најверојатно е дека Украинците целосно го игнорирале болното искуство на Чесите. Имено, уште во 1996 година чешката нуклеарна електрана “Темелин“ потпишала договор со Вестинхаус. Каде за прв пат американското гориво се користело за нивните реактори, постројката била принудена да редовно ги надополнува реакторите пред време и често се јавувале грешки во процесот на производството.

Научниците од Вестингхасу едноставно не можеле да го решат овој проблем.Заедно со оапсноста од нуклеарна катастрофа, пораснале и трошоците за производство на електрична енергија. Заради тоа и после една голема несреќа во јануари 2007 година, Чешка одлучила да го одбие американското гориво и до 2010 “Темелин“ се врати целосно на користење на производи од руската компанија ТВЕЛ.

Сепак, Украина експериментира со американското гориво, за кое политичкиот врв очигледно е аналоген на рускиот. Одлуката е донесена уште во 2005 година, за подоцна после неколку години тажно искуство во 2013 година, после темелен преглед и откривање на бројни недостатоци и дефекти, државниот Нуклеарен регулаторен иснпекторат на Украина да воведе  целосна забрана за користење на американското гориво во украинските нуклеарни електрани.

Меѓутоа, настаните од 2014 година, ја принудија нУкраина повторно да ја разгледа употребата на американската замена. Во април 2014 година медиумите известија дека американското гориво ставено е во реакторите број 3 на нуклеарната електрана “Јужна Украина“, реакторот број 5 во “Запорожје“ и реакторот број 2 во “јужна Украина“.

Во фебруари 2016 година дошло до прво нужно исклучување на реакторот број 3 на нуклеарната електрана “Јужна Украина“.

Како известиле локалните жители на социјалните мрежи, подрачјето околу неклеарната електрана војската на 23.март 2016 година , веднаш ги згаснала сите активности на нуклеарната електрана “Јужна Украина“ и истите биле целосно суспендирани 24 часа.

”Cyber Berkut”: Кијев ја продолжи работата на старите советски нуклеарни електрани.

Анонимната хакерска група ”Cyber Berkut” успеала да дојде до документи на државните институции во Австрија, Романија, Молдавија и Белорусија, како Гринпис и мрежите на другите здружени за заштита на околината ”Bankwatch” кои датираат од ова лето. Информациите откриваат сулуди планови на Енергоатом да се продолжи работата на старите реактори.

Кијев во 2015 година самостојно одлучи да ја продолжи работата на реакторите, меѓутоа во 2017 година Украина одлучва овој програм за обнова на нуклеарните елктрани да го испрати до соседните земји и Меѓународните организации за заштита на околината.

Овој чекор истовремено е и кршење на две конвенции на Обединетите народи, спрема кои потписниците мора да добијат државно и одобрување на меѓувладините комисии претходно, а не после почетокот на работата на нуклеарната електрана. Освен тоа, прекршена е и ооневцијата за пристап до информациите, учество на јавноста и одлучување за прашањата на околината од Аархус од 1998 година.

Меѓутоа, очигледно, Украинците не се чувствуаат долни на никого да му полагаат сметка и како одговор на нервозата на европските земји Кијев реагира со молчење и одлуките за нуклеарниор сектор ги носи по политичка линија. Изгледа дека украинските стручњаци ведуваат дека владите  на ЕУ немаат доволно квалификувани стручњаци, комплетно да ја проценат украинската нуклеарна програма.

Освен тоа, сериозна загриженост предизвикува и фактот дека украинските државни тела одговорни за нуклеарната енергија сеуште не развиле методи за згрижување на потрошеното нуклеарно гориво и друг радиоактивен отпад. Функционерите во Кијев или избегаваат да одговорат на прашањето, или пак се прават луди.

“Мораме ли да вдиме евиденција на сите случаеви“, порачале на прашањето за радиоактивниот отпад и раширената појава на случаите на леукемија кај децата.

Извор:logicno

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here