Турција денес остро ја осуди одлуката на Израел за проширување на воените операции во Газа, опишувајќи ја како нова фаза од експанзионистичката и геноцидна политика на Тел Авив во регионот.
– Секој чекор на фундаменталистичката влада на Нетанјаху за продолжување на геноцидот врз Палестинците и проширување на окупацијата е тежок удар врз меѓународниот мир и безбедност, ја зголемува регионалната нестабилност и ја продлабочува хуманитарната криза – се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Министерството нагласи дека траен мир во регионот може да се постигне само со почитување на меѓународното право, давање приоритет на дипломатијата и заштита на основните човекови права.
Апелираше до Израел веднаш да ги суспендира своите „воени планови“, да прифати прекин на огнот во Газа и да продолжи со преговорите за решение за две држави.









