Етиопските пратеници одлучија да прогласат тридневна жалост за најмалку 257 лица загинати во лизгањата на земјишта предизвикано од обилните дождови.
Се уште се трага по телото на жртвите од лизгањето на земјиштето во оддалечениот дел на источноафриканската земја, а хуманитарната канцеларија на ОН, позната како OCHA, наведува дека бројот на жртвите може да се искачи и до 500, повикувајќи се на локални службеници.

„Повеќе од 15.000 погодени луѓе треба да бидат евакуирани од областа“, соопшти OCHA.

Народното собрание соопшти дека денеска ќе започне тридневна национална жалост. Голем број загинати беа погребани во понеделникот во зоната Гофа во областа Кенчо Шача Гозди.

Одроните се вообичаени за време на сезоната на дождови во Етиопија, која започна во јули и се очекува да трае до средината на септември.

Смртоносните лизгања на земјиште често се случуваат во поширокиот источноафрикански регион, од планинскиот исток на Уганда до висорамнините во централна Кенија. Во април, најмалку 45 лица загинаа во регионот на долината Рифт во Кенија кога поројни поплави и лизгање на земјиштето зафатија домови и отсекоа главен пат.

(Vijesti.ba)