Протестите против владата во албанскиот главен град Тирана синоќа прераснаа во немири. Илјадници луѓе излегоа на улиците во четвртокот во знак на незадоволство од социјалистичкиот премиер Еди Рама и побараа негова оставка. Владината зграда и канцеларијата на градоначалникот на партијата на Рама беа нападнати со Молотови коктели. Нема извештаи за повредени, а противниците на Владата го обвинуваат Рама за корупција и бараат ослободување на поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој е во домашен притвор поради сомнение за корупција.
„Албанија е единствената земја во Европа каде лидерот на опозицијата е политички гонет без никакви факти или докази. Еди Рама сака Албанија без Албанци, без опозиција и без правда,” истакна лидерот на опозицијата Бериша во видео порака.
Јавното обвинителство сѐ уште не одлучило дали ќе покрене обвинение против Бериша. Бериша ги негира сите обвинувања и го обвинува Рама дека преку одмазда се обидува да ги замолчи противниците. Рама пак ги отфрла обвинувањата.
Протестите и насилни судири во оваа држава од Западен Балкан траат со месеци. Спорот се рефлектира и во парламентот, каде што опозиционерите во минатото палеа петарди и низ прозорци се враќаа во зградата на владата, откако беа отстранувани. Бериша ги повика своите приврзаници на граѓанска непослушност за да ја принудат владата да одржи нова избори. Еди Рама е на власт од 2013 година и оттогаш победи на сите парламентарни и локални избори.
Повеќе на dw.de








