Повикувајќи се на неименувани извори, локалните медиуми јавуваат дека Израел го одредил 15 март како краен рок за политичко решение со Либан или актуелните гранични судири со Хезболах ќе прераснат во војна.
Весникот „Ал-Ахбар“ пишува дека Тел Авив им кажал на посредниците дека ќе влезе во целосна војна во Либан доколку до 15 март не се постигне договор за туркање на Хезболах од израелско-либанската граница.
Вчера, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант му рече на американскиот специјален пратеник Амос Хохштајн дека прекуграничните судири со Хезболах може да го доближат Израел до одлучување за воена акција во Либан.
Весникот „Ал Ахбар“ пишува дека Хохштајн не верува дека прекуграничните конфликти меѓу Либан и Израел може да се запрат пред да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Хохштајн во понеделникот рече дека прекинот на огнот во Појасот Газа не мора да ги запре прекуграничните судири меѓу израелската војска и Хезболах.










