По два века неутралност и две години откако се применуваше, Шведска денеска и официјално стана 32-та членка на НАТО, што е голем чекор за земја која досега се придржуваше до воено неврзување за да не го навлече гневот на Москва.
– Официјално е дека Шведска сега е 32-та членка на НАТО, заземајќи го заслуженото место на нашата маса. Пристапувањето на Шведска го прави НАТО посилен, Шведска побезбедна и целата Алијанса побезбедна. Со нетрпение очекувам да го подигнат нивното знаме во седиштето на НАТО во понеделник, напиша генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на социјалната мрежа Х.
It’s official – #Sweden is now the 32nd member of #NATO, taking its rightful place at our table. Sweden’s accession makes NATO stronger, Sweden safer, and the whole Alliance more secure. I look forward to raising their flag at NATO HQ on Monday.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) March 7, 2024
Да потсетиме дека минатата недела Русија вети дека ќе преземе „контрамерки“ како одговор на пристапувањето на Стокхолм во алијансата, што ќе зависи „од условите и степенот на интеграција на Шведска во НАТО“. Со приемот на Шведска, по Финска минатата година, сега сите земји со излез на Балтичкото Море, со исклучок на Русија, секако, се членки на Атлантската алијанса.
Шведска и Финска, иако воено блиски со САД, историски претпочитаа да се држат настрана од НАТО, формиран за време на Студената војна против поранешниот Советски Сојуз. Иако Шведска придонесува за меѓународните мировни сили, таа не доживеала војна од конфликтот со Норвешка во 1814 година.
Хелсинки и Стокхолм истовремено ја објавија својата кандидатура за влез во НАТО во 2022 година, како реакција на руската инвазија на Украина. Рускиот претседател Путин, да потсетиме, започна војна против Украина и како една од причините го наведе „проширувањето на НАТО“. Имајќи предвид дека неговата војна против Украина го направи НАТО посилен за две економски и воено моќни членки, јасно е дека тој го постигна токму спротивното од она што го сакаше.
Според анкетата на Radio SR емитувана во петокот, мнозинството Швеѓани веруваат дека нивната земја направила „премногу жртви“ за членството во НАТО, но признаваат дека безбедноста на Шведска е зајакната со тоа членство.
Приемот на Шведска во НАТО беше проследен со заострување на реториката на нејзините лидери, па врховниот командант на вооружените сили Микаел Бајден во јануари изјави дека неговите сонародници „мора психички да се подготват за војна“. Заедно со кандидатурата за НАТО, Шведска на почетокот на декември потпиша и договор со кој на САД им се дава пристап до 17 воени бази на нејзина територија.
(Vijesti.ba)









