Во понеделник Шведска официјално ќе стане 32-та членка на НАТО.

Шведските државни медиуми јавуваат дека церемонијата на прием на Шведска ќе се одржи на 11 март во седиштето на НАТО во Брисел, главниот град на Белгија.

Шведското знаме ќе биде истакнато во седиштето на НАТО. Така Шведска официјално ќе стане 32-та членка на Алијансата.

Унгарскиот парламент го одобри приемот на Шведска во НАТО на 26 февруари, завршувајќи го процесот на одобрување од сите сојузници.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО на 18 мај 2022 година.