Според годишната класификација направена од страна на францускиот магазин “Jacht France”, најдолга на светот е “Azzam”, со својата должина до 180 метри и истата, според последните претпоставки, направена е за кралско семејство од Обединетите Арапски Емирати.
Овој нов гигант помеѓу пловилата ја презема титулата од јахтата “Eclipse” на рускиот милијардер Роман Абрамовиќ, која е долга “само” 163,5 метри и на врвот на листата за најголеми јахти во светот се задржа цели три години.
Јахтата “Azzam” е дело на германската фирма “Lirsen Jachts” и истата, помеѓу останатото, опремена е со салон од 550 метри квадратни уреден во автентичен стил, според решението на еден француски дизајнер.
Според последниот попис, најголем број на сопственици на јахти во 2013 година има на Блискиот исток, каде што пловат дури 31 јахта, а следни се Русите, со 19 и Американците, со 17 јахти.
На третото место според големината се наоѓа јахтата “Dubai” со должина од 162 метри и во сопственост на шеик, а на четвртото место е јахтата “Al Said”, долга 155 метри.











