Светската здравствена организација (СЗО) е загрижена поради порастот на случаите на коронавирус во некои земји пред зимата.
Не сите земји ја известиле СЗО за нови случаи, но меѓу оние што ги имаат, зголемен е бројот на хоспитализации и третмани во единиците за интензивна нега за Ковид-19, изјави во средата во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој изјави дека процентот на вакцинирани лица во ризичните групи е на загрижувачки ниско ниво во Северна и Јужна Америка и Европа.
„Ковид-19 можеби не е акутната криза како што беше пред две години, но тоа не значи дека можеме да ја игнорираме болеста“, надополнил Тедрос.
Циркулирачките варијанти не предизвикаа потешка болест од претходно познатите варијанти, според претходните студии, рече специјалистот за ковид-19 Марија Ван Керхове.
Таа ги повика владите да продолжат со тестирањето за да го следат ширењето на варијантите.
Таа нагласи дека се уште се ефикасни и треба да се спроведат веќе познатите мерки за заштита од инфекција, кои вклучуваат проветрување на просториите, дезинфекција на раце, носење маски во преполни места и вакцинација.









