Мајка и ќерка се спасени од урнатините на зграда во Кахраманмарас, Турција, јавува Анадолија.
Зубејде и Сена Туркахраман беа спасени благодарение на заедничките напори на теренските екипи и граѓаните.
Граѓаните ги пребарале урнатините и забележале мајка и ќерка.
Тие беа спасени десет часа по земјотресот од под урнатините на 12-катница.

На улиците покриени со урнатини, повремено се појавуваат блесоци на надеж и изрази на радост кога спасувачите ќе најдат живи.
Така и турска телевизија и социјалните мрежи ја пренесоа веста дека под куп големи бетонски останки живо е извлечено дете.
Телевизијата НТВ прикажа мало девојче по име Зехра, кое го бараше својот татко, завиткано во волнено ќебе и ставено во задниот дел на амбулантно возило.
Возилото потоа ја возеше низ улица покриена со снег додека луѓето се расфрлаа во потрага по други преживеани.
Како што јавува Анадолија, спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по преживеани под урнатините на градовите на југот на Турција кои денеска беа погодени од два разорни земјотреси.

Веќе паѓа мрак пред спасувачките екипи, а особено пред оние кои чекаат да ги спасат, тоа е долга и тешка ноќ.
Според последните информации, во земјотресите загинале најмалку 1.541 лице, а 9.733 се повредени, потврди денеска попладне потпретседателот на Турција, Фуат Октај.
Провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис беа сериозно погодени од земјотресот. Земјотресот е почувствуван и во соседна Сирија, а тресење на земјата е почувствувано и во Ирак. Во споменатите градови продолжува потрагата по преживеани под урнатините.
За потсетување, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди југот на Турција. Епицентарот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас, Турција.
Потоа во 13 часот и 24 минути нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Елбистан, исто така во Кахраманмарас.
Turkish publications publish video of rescue of a little girl from the rubble in Kahramanmaras pic.twitter.com/m9Wdze3YeZ
— 🇷🇺Jacob🇷🇺Charite🇷🇺 (@jaccocharite) February 6, 2023










