Врховниот поглавар на Католичката црква, папата Франциско, упати порака со сочувство до Турција и турскиот народ во врска со разорните земјотреси кои денеска ја погодија таа земја.
Ватикан соопшти дека папата Франциско изразил искрено сочувство до семејствата на жртвите.
Во разорниот земјотрес што утринава го погоди југот на Турција, загинаа најмалку 1.498 луѓе, а повеќе од 7.600 се повредени.
Епицентарот на утринава земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас, Турција, а потоа следеле 50 последователни потреси.
Од земјотресот сериозно беа погодени и провинциите Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис. Земјотресот бил почувствуван и во неколку земји во регионот, меѓу кои Либан и Сирија.
По првиот следеше втор земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар беше во областа Елбистан Кахраманмарас.
(Vijesti.ba)









