Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација, во вторникот официјално беше претставен во неговиот нов клуб Ал Наср од Саудиска Арабија, откако потпиша договор со кој Роналдо стана најплатен играч во светскиот фудбал.
Роналдо влезе на стадионот Мрсooл Парк во Ријад во жолто-синиот дрес на клубот до распродадените 25.000 седишта и со громогласен аплауз и овации од публиката.
„Ќе го дадам најдоброто од себе на овој клуб, Ал Наср. Ви благодарам на сите“, им порача тој на илјадниците навивачи на стадионот.
На прес-конференцијата одржана во вторникот во главниот град Ријад, домот на Ал Наср, Роналдо рече дека е возбуден што ќе се приклучи на тимот и се надева дека ќе ја искористи можноста да ја развие фудбалската игра во кралството.
„Во Европа мојата работа е завршена. Освоив се. Играв во најважните клубови во Европа. И сега тоа е нов предизвик за мене“, изјави Роналдо.
„Мило ми е што Ал Наср ми ја даде оваа можност да се покажам и да се развивам, не само за фудбалските навивачи, туку и за помладата генерација, но и за женската генерација.
Роналдо, кој е петкратен добитник на „Златната топка“, рече дека приемот во понеделникот бил „неверојатен“ и дека „саудискиот народ е прекрасен“. Тој додаде дека се надева дека ќе почне да игра на натпревари оваа недела.
Роналдо потпиша две и пол годишен договор со Ал Наср кој ќе му плаќа 75 милиони долари годишно. Според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, тој би можел да заработува 200 милиони евра (207 милиони долари) годишно кога ќе се додадат комерцијални зделки, што ќе го направи најплатен спортист во светскиот фудбал.
Напаѓачот стана слободен агент по разделбата со Манчестер Јунајтед во ноември 2022 година. Сумата што ја нуди Ал Наср веројатно ќе биде помала од кој било пакет што Роналдо би можел да го добие или во европскиот фудбал или играјќи во фудбалската голема лига во САД.
За време на прес-конференцијата, Роналдо изјави дека добил многу различни понуди да игра во Бразил, Австралија, САД, па дури и во неговата родна земја Португалија. Но, тој рече дека на крајот одлучил да се приклучи на Ал Наср каде што сака „да го развива не само фудбалот, туку и другите делови од оваа неверојатна земја“.
Според извештајот минатата година, тој одбил понуда од повеќе милиони долари да стане заштитно лице на туризмот во Саудиска Арабија. Спортот и забавата се дел од стратегијата на Саудиска Арабија Визија 2030 за диверзификација на нејзината економија и подобрување на нејзината меѓународна репутација.
Сепак, групи како што е Амнести интернешнал долго време водат кампања против наводната употреба на таквите врски од страна на кралството за да се одврати вниманието од кршењето на човековите права.
(ТБТ, медиуми)










