Ливерпул оваа сезона остана без титула во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но ги освои ЕФЛ и ФА Купот. Дека сезоната не е лоша за „црвените“ покажуваат и сцените од Англија каде навивачите на Ливерпул јасно му ставија до знаење на клубот што мислат за последните резултати.

image

„Овие момци одиграа извонредна сезона. Не успеавме во две натпреварувања иако бевме многу добри. На крајот Сити беше подобар за еден бод, Реал Мадрид за еден гол. Тоа не кажува ништо за нас, за нашите слабости.

Но, ние ќе одиме и следната сезона по нови титули, дефинитивно ќе“, изјави тренерот Јирген Клоп по натпреварот, додавајќи: „По непроспиената ноќ и можеби уште еден мој говор, момците ќе сфатат колку е посебно тоа што го направија. Дури и ако никој на оваа планета не би разбрал зошто утре имаме гала парада, ќе ја имаме.

image

Парадата што ја најави Клоп беше закажана по неговото враќање од Париз, а армија навивачи на Ливерпул излегоа на улиците на градот за да им покажат на играчите и тренерот што мисли за сезоната. Сцените од градските улици ве оставаат без здив. Ливерпул ја прослави својата сезона како да освоил се. Во продолжение погледнете ја атмосферата што ја создадоа Англичаните.

image

image

image

Извор:jutarnji.hr