Ердоган: „Нека Бајрам донесе мир и спокој на целото човештво“

0
105

ИСТАНБУЛ (АА) – Нека овој Бајрам донесе мир, спокојство и благосостојба за нашата земја, нашиот народ, исламскиот свет и целото човештво, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во пораката по повод празникот Рамазан бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган упати видеопорака по повод празникот Рамазан бајрам, што муслиманите го одбележуваат утре.

„По повод празникот ве замолувам, покрај мајките, татковците, роднините, да не заборавиме да ги посетиме и сирачињата, децата на шехидите и да ги освоиме нивните срца“, рече Ердоган.

Нагласи дека доживувајќи ја празничната радост, не треба да се заборават болните, луѓето во состојба на потреба, старите и угнетените.

„Нека овој Бајрам биде празник на братството на сите 85 милиони наши жители, без оглед на потеклото и верата. Нека Бајрам донесе мир, спокојство и благосостојба на нашата земја, нашиот народ, исламскиот свет и целото човештво“, порача претседателот на Република Турција.


„Anadolu Agency“