ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 5 лица загинаа, а 65 се повредени во експлозија во џамија во северен Авганистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случила во Џамијата „Сех Докан“, која се наоѓа во фреквентниот дел на Мезар-и-Шариф, пренесе „Толо њуз“.
Ранетите лица се хоспитализирани во болницата „Абу Али Сина Балки“.
Рачна граната беше фрлена врз најголемата џамија во Кабул на почетокот на април додека верниците се молеа, при што беа повредени најмалку 6 лица.
Не е позната причината за нападот на Џамијата „Пул-е-Кишти“ од 18 век во стариот дел на Кабул.
Тоа беше втор напад за помалку од седум дена. Претходно, рачна бомба беше фрлена на сред пазар каде што се наоѓаат голем број менувачници, при што едно лице загина, а 59 беа повредени.
„Anadolu Agency“










