Ердоган: „Дури и целиот свет да молчи, ние најгласно ќе ја продолжиме нашата кауза за Ерусалим“

0
109

Претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган рече: „Дури и целиот свет да молчи, ние најгласно ќе ја продолжиме нашата кауза за Ерусалим (Кудс).“

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со следните зборови: „Последниве денови, нашите срца повторно изгореа поради новите напади против светоста на Месџид-и Акса во Ерусалим (Кудс). На секој лидер од Израел со кого сме разговарале секогаш отворено сме ја изразувале нашата чувствителност за статусот на Ерусалим. Ја повикавме меѓународната заедница да биде чувствителна против неправдите коишто се вршат врз Палестинците, и ќе продолжиме да го правиме тоа. Овој проблем и катастрофите што може да ги предизвика се познати, но ако ова се прави намерно, тогаш тоа значи дека постојат други пресметки. Дури и целиот свет да молчи, ние најгласно ќе ја продолжиме нашата кауза за Ерусалим.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека својот став по ова прашање го изнел за време на неговите остварени телефонски разговори со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, претседателот на Палестина Махмуд Абас, јорданскиот крал Абдулах ал-Хусејин и израелскиот претседател Исак Херцог.

„Нашата надеж е да престане зулумот што се доживува во Ерусалим (Кудс) во овие свети денови.“ – рече Тој.


Trt