Заменик шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, Михаил Подољак, кој воедно е член и на преговарачката делегација со Русија која на 24 февруари и објави војна и ја нападна Украина, направи проценка на најновите случувања.
Подољак истакна дека Русија ќе се обиде повторно да ги продолжи преговорите и го рече следното: „Ние сакаме Турција да продолжи да дејствува како посредник бидејќи Турција изгледа многу, многу влијателна.“
Привлекувајќи внимание дека Турција презема различни чекори за да се стави крај на војната или да се постигне прекин на огнот, Подољак изјави дека за тоа ѝ се благодарни на Турција.
Подвлекувајќи дека Турција е важен актер како посредник, Михаил Подолајак рече: „Можам да кажам дека Република Турција стана многу активен посредник. Турција навистина презеде важна одговорност. Русија генерално не ги почитува меѓународните стандарди и принципи, секогаш се обидува да ги прекрши меѓународните принципи.“
Подољак, укажувајќи дека со помош на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Истанбул е одржана најпродуктивната рунда преговори досега својот говор го продолжи со следните зборови: „Со напорите на Турција, ние успеавме да дојдеме до позитивен договор во Истанбул, но случувањата потоа покажаа дека Руската Федерација е тежок противник на преговарачката маса. Сакаме Турција да продолжи да биде посредник бидејќи Турција изгледа многу, многу влијателна од аспект на посредувањето. Секако дека рундата во Истанбул е најефикасната од сите рунди во преговарачкиот процес.“
Укажувајќи дека Турција понудила помош за евакуација на цивилите од градот Мариупол, вклучително и испраќање бродови од Азовското Море, Заменик шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски, Михаил Подољак рече: „Ние гледаме дека е од крајно значење за Турција да се стави крај на војната бидејќи оваа војна е голем ризик за регионот на Црното Море. Тоа е голем ризик, ѝ на трговски, ѝ на воен план. Затоа, според мене, Турција денеска е земја со голем посреднички потенцијал.“
Trt











