Тројца луѓе повредени за време на протестите во Шведска поради палењето на Куранот

0
106

СТОКХОЛМ (АА) – Тројца луѓе се повредени вчера во шведскиот град Норчепинг, за кои се вели дека се повредени откако полицијата пукала кон демонстрантите за време на протестите против палењето на Светата книга Кур’ан, известува Агенција Анадолија (АА).

Во четврток, Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската партија „ Страм Курс“ запали примерок од светата книга на муслиманите во јужен Линкопинг, објавија шведските медиуми.

Палудан исто така се закани дека ќе запали копии од Куран за време на екстремистичките протести.

По провокацијата, продолжија протести во некои делови од земјата, објави шведскиот весник „Expressen“.

Одделот на полицијата на Норчепинг објави соопштение во кое тврди дека полицајците пукале во воздух за да ги сопрат демонстрантите да ја нападнат полицијата, а повредените се чини дека биле погодени со одбиени куршуми и се наоѓаат на лекување во болница.

Протестите избија во Малме, Норчепинг и Јончепинг како и во главниот град Стокхолм, при што се оштетени 125 полициски возила, 34 полицајци се повредени, а безбедносните сили приведоа 13 лица.


Anadolu Agency