Израелските сили претепаа Палестинец, пред очите на неговите деца во Хеброн

0
88

Израелските сили жестоко претепаа Палестинец во окупираниот град Хеброн (Ал-Калил) на Западниот Брег, јавува агенцијата „ВАФА“.

Израелските војници жестоко го претепале Ибрахим ал Раџби пред очите на неговите деца, во населбата а-Сахла во центарот на Хеброн, нанесувајќи му различни исеченици и модринки по телото.

Секојдневното насилство од страна на израелските сили, вклучувајќи физички напади, закани, вербално малтретирање и понижување, повторени воени рации по куќи и лажни апсења, рутински се спроведуваат во сите делови на Западниот Брег, според израелската организација за човекови права „Бтселем“.

„Ова насилство и неговото варосување од страна на израелските агенции за спроведување на законот долго време беа составен дел од окупацијата“, рекоа од „Бтселем“ .