Поранешниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф, кој долги години играше за италијански Милан, објави дека преминал во ислам, јавува Anadolu Agency (AA).
„Благодарам на сите што ми честитаа што му се придружив на исламското семејство“, објави 45-годишниот Сидорф на Инстаграм, додавајќи дека е многу среќен што преминал во ислам:
„Посебна благодарност до мојата сакана Софија, која ме запозна и ме научи за исламот.
Тој истакна дека нема да користи новото име, додавајќи дека ќе продолжи да го користи името што му го дале родителите.
За време на својата богата фудбалска кариера, Сидорф играше за Ајакс, Сампдорија, Реал Мадрид, Интер, Милан и Ботафого. Во својата тренерска кариера ги водеше Милан, Шенжен, Депортиво Ла Коруња и репрезентацијата на Камерун. За холандската репрезентација одигра 87 натпревари и постигна 11 голови.









