УЕФА одлучи да го премести финалето на Лигата на шампионите од Санкт Петербург, во Париз, поради руската инвазија на Украина, пренесува AFP.

Финалето ќе се игра на 28 мај на „Стад де Франс“, каде што се играше и во 2006 година кога Барселона го победи Арсенал.

УЕФА исто така додаде дека сите домашни натпревари на украинските и руските клубови и репрезентации кои учествуваат во нејзините натпреварувања, ќе се играат на неутрални терени „до натамошно известување“.


„Informer“
„Dubai-Portal“