Руската амбасада во Либан била изненадена од соопштението на либанското Министерство за надворешни работи, кое ги осудува руските воени операции во Украина, се наведува во соопштението на нејзината „Фејсбук“ („Facebook“) страница, пишува „Reuters“, пренесува „Dubai-Portal“.
„Изјавата не изненади со прекршување на политиката на самодистанцирање и заземање на едната страна против другата во овие настани, истакнувајќи дека Русија не штеди напор да придонесе за напредокот и стабилноста на Либанската Република“, се вели во соопштението.
Либан во четвртокот ја осуди руската инвазија на Украина и ја повика Москва веднаш да ги прекине своите воени операции.
„Reuters“
„Dubai-Portal“









