Засега не е планиран самит меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пишува „NDTV“.

Според него, Кремљ нема конкретни планови по тој повод. Во овој момент е предвидена само средба на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Претходно беше најавено дека би можеле да одржат состанок во Европа на 24 февруари.

„Оваа недела Лавров може да се сретне со својот американски колега. Не исклучуваме контакти меѓу министрите на Русија и Франција“, рече Песков.

Претходно Елисејската палата соопшти дека рускиот и американскиот претседател се договориле самитот да се одржи за време на разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон.