Легендарниот бразилски фудбалер, Луис Назарио да Лима Роналдо, стана сопственик на уште еден клуб, и тоа не било кој – туку клубот во кој ја започна неверојатната кариера.

Роналдо го купи мнозинскиот пакет акции на бразилскиот Крузеиро од Бело Хоризонте, но засега не е познато колку го чинеше оваа трансакција.

„Многу сум му должен на овој клуб, тука ја започнав професионалната кариера и тоа е нешто што не се заборава. Пред нас е многу работа, но желбата на сите ни е повторно да го направиме Крузеиро голем“, изјави Роналдо.

Роналдо професионалната кариера ја започна токму во Крузеиро, по што во 1994 година се пресели во ПСВ, а подоцна во кариерата играше и за Барселона, Интер и Реал Мадрид.

Бразилецот во 2018 година за сума од 30 милиони евра ги откупи мнозинскиот пакет акции во Ваљадолид, екипа која моментно настапува во втората шпанска лига.


„Dubai-Portal“