Robert Koch Institut (RKI) денес ја објави актуелизираната листа на земји рангирани според степенот на ризичност од корона вирусот. Според најновото рангирање Македонија не е повеќе на листата на високо ризични земји. Оваа одлука ќе стапи на сила во НЕДЕЛА 19 декември на полноќ. ИЗВОР
Ова се одлични вести за сите кои ќе патуваат за празниците. За тие што се вакцинирани со некоја од признаените вакцини во Германија или ја прележале болеста во последните 6 месеци ќе нема никакви обврски за патувањето кон Германија. Додека тие што не се вакцинирани ќе треба да приложат негативен антиген (48 часа важност) или PCR (72 часа важност) тест. Пријавување и карантин не се потребни.

За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија
„Makedoncivogermanija“
„RobertKoch“







