Најмалку 22 Палестинци се ранети кога израелските сили со гумени куршуми и солзавец интервенираа врз демонстрантите во окупираниот Западен Брег, известува Агенција Анадолија (АА).

Демонстрациите се одржуваат секој петок во различни делови на окупираниот Западен Брег, посебно во околните подрачја на Наблус, во знак на протест против изградбата на Sидот на раздвојување и нелегалните еврејски населби.

Палестинците одржуваат демонстрации во знак на протест против еврејските населби во селата Кефр Кадум, Бурка, Бејт Деџин и Бејта во градот Наблус.

Израелските сили интервенираа со гумени куршуми и солзавец.

Палестинската Црвена полумесечина информираше дека во интервенцијата на израелските сили се повредени 22 Палестинци.

На Западниот Брег, окупиран од Израел во 1967 година, изградени се над 250 илегални еврејски населби во кои живеат повеќе од 400.000 еврејски доселеници, што дополнително го отежнува животот на Палестинците кои живеат на Западниот Брег.

Според меѓународното право, сите еврејски населби на окупираните територии се сметаат за нелегални.

Anadolu Agency