ЊУЈОРК (АА) – Здружението на студентите муслимани на Државниот универзитет во Аризона (ASU) во соопштението објавено на социјалните мрежи истакна дека се искинати и изгорени верските книги во просторијата за молитва во библиотеката „Хајден“ на Универзитетот, која често ја користат студентите муслимани, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Истакнувајќи дека овој инцидент е втор вандализам доживеан во оваа учебна година, во соопштението се вели: „Не треба да се игнорира загриженоста за безбедноста на студентите муслимани во кампусот.“

Меѓу другото, се истакнува дека универзитетската полиција работи на отворање истрага за инцидентот, и се повикува администрацијата на Универзитетот да го осуди инцидентот.

Канцеларијата на Советот за американско-исламски односи (CAIR) во Аризона, една од најголемите организации за застапување на муслиманските права во земјата, за нападот врз Куранот и другите верски книги истакна: „Јавните службеници и водачите на заедницата треба да го кренат својот глас против растечкиот фанатизам што неизбежно води до дела на омраза низ целата земја.“

Anadolu Agency