„Тој е непопуларен, ја нема потребната компетентност и е очаен. Бајден сега е послаб од кој било друг“, рече новинарот, нарекувајќи го шефот на Белата куќа „пион“ во рацете на идеолозите, кои го опкружуваат и кои ги туркаат САД на радикални чекори.
Паролите за страшната безбедносна катастрофа со која американските власти го оправдуваат своето присуство во оваа земја се засновани на себични цели, а не на желба за наводно зачувување на нејзиниот територијален интегритет, посочи Карлсон.
Тој е убеден дека претставниците на Стејт департментот немаат „ниту срам, ниту совест“ кога зборуваат за потребата да се спаси украинската демократија. Станува збор, всушност, за последиците од таканаречениот „Рашагејт“ (бран обвинувања против Русија поради наводно мешање во американските избори во 2016 година).
Обидите да се влијае на украинската криза се поврзани и со фактот дека Украина долги години троши огромни суми за да ја промени надворешната политика на САД во своја полза, заклучува Карлсон.
Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на „агресивните акции“ од страна на Русија во близина на границите на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена дискреција. Според него, тоа никому не се заканува и никого не треба да загрижува. Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси.

„Sputnik“
„Dubai-Portal“