Грант од јапонската амбасада за струшката болница

by Administrator
Со помош на Јапонската амбасада ќе биде набавен дигитален апарат за ултразвук во одделението за гинекологија во струшката болница, со вредност од 50.833 евра. Овој грант е во склоп на проектот за подобрување на медицинските услуги со кој ќе се подобри квалитетот на здравствената нега и ќе се скрати времето за преглед на близу 200.000 пациенти од југозападниот регион, стои во изјавата на „Фејсбук“ страната на Општина Струга.
Можно е да е слика од 3 луѓе и седнати луѓе
“Во име на сите стружани сум благодарна за придонесот и помошта на јапонскиот народ, посебно за време на пандемијата. Се надевам дека во иднина нашата соработка ќе се продлабочи во интерес на граѓаните и за доброто на сите” – рече Арбреша Влаши, претседател на Советот при О. Струга.
Можно е да е слика од 3 луѓе, седнати луѓе и луѓе што стојат

You may also like