Белорусија ќе и понуди на Русија своја територија за распоредување нуклеарно оружје, доколку нуклеарното оружје на земјите од НАТО се појави во Полска, ги предупреди Александар Лукашенко, Варшава, Вашингтон и Брисел.

Во интервју за„ РИА Новости“, тој дополнително нагласи:

„Во тој случај ќе му предложам на претседателот Путин да и го врати нуклеарното оружје на Белорусија! А какво оружје би било тоа – за тоа би се согласиле. Во секој случај, тоа би било најефективното нуклеарно оружје во однос на пренесување на нивното нуклеарно оружје во Полска“.

Лукашенко посебно истакна дека во неговата земја се е подготвено за ваков потег:

„Како вистински домаќин, се погрижив да не биде уништено ништо од она што СССР го имаше во Белорусија за нуклеарно оружје. Покрај тоа, Белорусија има план и спремни борбени единици да реагираат на секој обид за предизвикување конфликт овде. Мислам, на нашата граница со балтичките држави, Полска и Украина“.


„Webtribun“
„Dubai-Portal“