Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство по трагичната несреќа во Бугарија на автобусот од Македонија, во која животот го загубија 46 патници, а седуммина беа повредени, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Длабоко се растажив по трагичната несреќа што ја доживеаа во Бугарија нашите браќа и сестри од Македонија, кои патуваа од Истанбул за Скопје“, напиша Ердоган на Твитер.
„Го молам Алах да има милост за нашите браќа и сестри кои ги загубија животите во оваа трагична несреќа која длабоко ме растажи мене и турскиот народ, како и да им даде трпение на семејствата на жртвите“, додаде тој.
Ердоган, исто така, изрази сочувство до Владата и народот на Република Македонија, а на повредените им посака брзо закрепнување.










