Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, во дадената изјава во Анкара истакна дека Турција за прв пат во својата туристичка историја пречека поголем број туристи од Шпанија.
Привлекувајќи внимание на значењето на Сертификатот за безбеден туризам и на промотивните активности што ги спроведува Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Турција, министерот Ерсој рече: „Што рековме кога влеговме во сезоната со многу интензивни активности? Рековме дека ‘Во секој случај ќе донесеме 25 милиони туристи и приходи од 20 милијарди долари’. Минатиот месец оваа бројка ја ревидиравме на 28 милиони туристи и 22 милијарди долари приходи. Нашиот туризам се одвива многу многу добро. Не оставаме никаква празнина. Најверојатно на крајот на годината ќе ја доловиме и бројката од 24 милијарди долари.“
„Trt“










