Палестинското движење за отпор Хамас денеска ја осуди одлуката со која Велика Британија ги назначи како терористичка организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Хамас се вели дека Велика Британија продолжува да ги фаворизира израелските агресори на сметка на палестинските жртви.
„Отпорот на окупацијата со сите можни средства, вклучително и вооружениот отпор, е загарантирано право со меѓународното право за луѓето под окупација“, се вели во соопштението на Хамас.
„Израелската окупација е тероризам. Убивањето на народот таму, протерувањето сосила, уништувањето на домовите и притворањето претставува тероризам“, се додава во соопштението.
Хамас ја повика меѓународната заедница, вклучувајќи ја Велика Британија, да престане со двојните стандарди и тешкото прекршување на меѓународното право.
Министерката на внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател, се очекува да го прогласи Хамас за терористичка организација и антисемитизам против еврејскиот народ.
Велика Британија од 2001 година го смета вооруженото крило на Хамас, Бригадата „Изедин ал Касам“, за терористичка организација, но не го вклучи и политичкото биро на Хамас.
Во меѓувреме, израелскиот премиер Нафтали Бенет на Твитер ја поздрави одлуката на Велика Британија, тврдејќи дека Хамас е терористичка организација.
„Ја поздравувам одлуката на Велика Британија да го прогласи Хамас за терористичка организација во целост, бидејќи токму тоа и претставува“, додаде тој.
Anadolu Agency









