Палестински затвореник кој бил во израелските затвори 13 години, починал денеска, за што палестинските групи за човекови права сметаат дека е резултат на медицинската негрижа на израелските затворски власти, јавува „MEMO“, пренесува „Dubai-Portal“.
Триесет и девет годишниот, Сами Ал Амур (Sami Al-Amour), од бегалскиот камп „Деир Ал Балах“ („Deir Al-Balah“) во опколениот Појас Газа (Gaza Strip) беше прогласен за мртов утрово во болницата „Сорока“ („Soroka“), во Бершеба, откако 14 часа бил држен на воен контролен пункт додека бил на пат до медицинскиот центар.
Палестинскиот центар за човекови права во Газа, рече дека верува, дека израелската влада е целосно одговорна за смртта на Ал-Амор (Al-Amour), додавајќи дека настанот „откри нехуманите мерки што се користат против нив, особено медицинската небрежност и одбивањето на потребните третмани на стотици пациенти, особено оние со хронични и тешки болести“.
Додека, Хамас рече дека смртта на Ал-Амур (Al-Amour) е „израелско злосторство против човештвото и кршење на сите меѓународни вредности и закони“. Додавајќи дека на Ал-Амур му е одземено правото на соодветна медицинска нега.
Со неговата смрт, бројот на палестински затвореници кои починаа во израелски притвор се покачи на 227.
„Dubai-Portal“
„MEMO“









