Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа пред нов голем успех и по премиерниот настап на Евро 2020 сега има шанса да игра во баражот за пласман на Светското првенство во Катар кое ќе се одржи идната година.

За Македонија да се пласира во мундијалскиот бараж, потребна е победа над Исланд во недела.
Еден од столбовите на репрезентацијата, Езџјан Алиоски смета дека дека натпреварот со Исланд е шанса која не смее да се пропушти и единствена мисла кај сите треба да биде победата.

„Среќни сме и во животот нема ништо случајно. Сета оваа наша работа го покажува сиот наш квалитет и тоа се гледа, од Македонија до 21 година и што направи таа, па ние игравме Европско првенство, а сега сите повторно сме тука за нова историја. Јас сум оптимист и одиме да го победиме Исланд. Дури и да не победиме, ние сето ова што го направивме и сите овие резултати, се скор најдобар во историја. Но, сигурен сум дека со Исланд ќе дадеме сѐ и ова што го направивме со Ерменија да го повториме. Сакаме нова историја. Во фудбалот нема фаворит и како поеднинец не може да кажеш може, туку како тим. Ние сите одиме да победиме, треба да влеземе со таква мисла, да мислиме сите на тимот. Сега играме за победа и историја и сега сите имаме голема мотивација. Нормално е дека одиме на победа“, вели Алиоски.

S