Милан ремизира со Порто и го освои првиот бод, Бензема го спаси Реал Мадрид

by Administrator

Екипата на Милан не успеа да слави над Порто на домашен терен (1-1) и така „росонерите“ драстично си ги сведоа шансите на минимум за пласман во нокаут-фазата од фудбалската Лига на шампиони.

На седумкратниот освојувач на Лигата на шампионите му беше неопходна победа за да остане во игра за пласман понатаму, ама вака, главните ривали Порто и Атлетико Мадрид се во далеку подобра позиција на табелата.

Калчолигашот во следната рунда на ЛШ гостува во Мадрид кај Атлетико, додека Порто се соочува со Ливерпул.

Реал Мадрид стига до победа. Кралевите поведоа со голот на Карим Бензема во 14-тата минута.

 

Шахтјор израмни со голот на Фернандо во 39-тата минута.

 

Реал стигна до победа со голот на Бензема во 61-та минута.

Gol.mk-Ekipa

 

You may also like